

Услуги
Клиничка биоинформатика
Симбиоза меѓу клиничката слика и кибернетиката со што значајно се скратува времето за брза и точна дијагноза, особено кај случаите кои имаат недоволно дефинирани и јасни симптоми. Може да ја практикуваат лекари со богато клиничко искуство (најмалку 20 години клиничка практика) кои со него вршат логична контрола на добиените резултати.
МЕТА терапија
Моќен терапевтски програм наречен META терапија со која се пренесуваат фреквенции на здрави органи (срце, бубрег,плуќа, црн дроб и др.) директно во пациентот, со што се стимулира телото да има оптимално здравје и претставува дополнување на терапијата која пациентот ја прима. На тој начин се зајакнува одбранбената способност на организмот.
Термовизија (наскоро)
Термовизискиот скенер со компјутерска обработка на добиениот материјал креира “топлински портрет”
на човекот каде се регистрираат зоните со зголемена и намалена температура. Врз основа на тоа се донесува заклучок за степенот на нарушената функција на одредениот орган или ткиво.

NLS апаратот е направен по принципот кој го дал Никола Тесла и преку слушалки ги регистрира сигналите во мозокот кои ја покажуваат работата на сите органи, компјутерски ги обработува и споредува со оние на здрави и болни луѓе кои се наоѓаат во меморијата на компјутерот. Праксата потврдува дека најдобро е оваа метода да се примени како прва во прегледот на пациентот, а потоа во зависност од добиените резултати дополнително да се прави: ренген, ехо, компјутеризирана томографија или магнетна резонанца.

Техниката ги испитува следниве органи и ткива:
- Коскено-скелетен систем
- Кардиоваскуларен систем
- Нервен систем
- Урогенитален систем
- Респираторен систем
- Дигестивен систем
- Крв
- Лимфен систем
- Ендокрин систем
Сигурноста за поставување на точна дијагноза се движи од 83-95%.

Апаратот има и моќен терапевтски програм наречен META терапија со која се пренесуваат фреквенции на здрави органи (срце, бубрег,плуќа, црн дроб и др.) директно во пациентот, со што се стимулира телото да има оптимално здравје и претставува дополнување на терапијата која пациентот ја прима. На тој начин се зајакнува одбранбената способност на организмот.
Со тоа овој уред ја преставува дијагнозата и терапијата на иднината.

МЕТА терапија со NLS уредите постигнува добри резултати кај следниве болести и состојби:
- Хронични-дегенеративни болести од сите видови, автоимуни болести, дополнителна симптоматска терапија при тумори.
- Слабост на имуниот систем, хронични инфекции.
- Акутна и хронична болка и инфламација.
- Замор, исцрпеност, пореметување на сонот, депресија, мигрена, психосоматски болести.
- Алергии, преосетливост на хемикалии, електросензитивност, егзема, неуродерматитис, еколошка (амбијентална) медицина.
- Хормонални пореметувања, проблеми во менопауза, PMS.
- Болести кои доаѓаат со староста.
- Педијатрија, проблем со растот, промени во однесувањето.
- Спинални симптоми, болки во грбот, болки во зглобови притисок, артритис.
- Повреди, фрактури на коски.
- Спортска медицина, припрема за натпревар.

За време на снимањето пациентот треба да е удобно сместен во фотелја, релаксиран, одморен, да не консумирал храна 3 часа пред снимањето, да ги нема прекрстено рацете и нозете и да нема метални предмети на и во себе (инпланти, прстени, обетки и др).
Испитувањето се изведува преку слушалки кои се поставуваат на ушите и е безболно. Снимањето трае 30-60 минути, во зависност од патолошкиот наод, а анализата на резултатите околу 30 минути. Работата на операторот се следи на екран и сѐ што тој пресметува е транспарентно.
Сите клетки во телото осцилираат, здравите со една фреквенција, а болните со друга, а информациите за тие осцилации стигнуваат во десната (несвесна) хемисфера на мозокот.
Искуства од нашите клиенти
Овој метод дава уникатна можност за целокупен систематски преглед на здравствената состојба. Дијагностичкото искуство на др. Тошев ми помогна да ја разберам поврзаноста на начинот на живот со здравјето и ме охрабри да се посветам на превенција.

Виктор Мирчевски
СкопјеРезултатите од длабинската систематска анализа ме смирија и помогнаа навремено да реагирам. По анализата и разговорот со Др. Тошев се посветив на подобрување на квалитетот на мојот живот.
Сега се чувствувам добро.
