loading

Биоинформатичен уред со не-линеарна систем анализа- NLS анализа I дел

Биоинформатичниот уред со нелинеарната системска анализа (NLS уред) тргнува од фактот потврден од нобеловците А.Ајнштајн и М.Планк дека сите клетки во телото осцилираат, здравите со една фреквенција, а болните со друга, а информациите за тие осцилации стигнуваат во десната (несвесна) хемисфера на мозокот.

Апаратот е направен по принципот кој го дал Никола Тесла и преку слушалки ги регистрира сигналите во мозокот, компјутерски ги обработува и споредува со оние на здрави и болни луѓе кои се наоѓаат во меморијата на компјутерот. При тоа се мери енергијата која е присутна во овие органи, а таа е директен одраз на нивната функција. Aнализата се изведува по принципите кои ги дал уште еден нобелеовец Theodor Van Hoven со Quantum entropic logic theory чија примена овозможила математички пресметки на добиените резултати.

Првиот уред е креација на руските академици, (Свјатослав Павлович Нестеров и неговиот внук Владимир Игорович Нестеров) и меѓу другото се користел и за следење на здравствената состојба на космонаутите за време на долгите престои во вселената во вселенската станица „Мир”.

Резултатот се прикажува на 6 нивоа кои се обележени со соодветно обоени симболи:

  1. Хипофункција ослабена, несозреана функција, но не од болест.
  2. Оптимална функцијанормална функција.
  3. Функционална компензација со напор – лесно ослабена функција која организмот сам си ја регулира.
  4. Ослабен регулаторен механизам – намалена функција, но нема симптоми на болест (предклиничка форма на болест- може да постои и неколку години пред да се јават симптомите). Оваа состојба не може да се открие со други апарати.
  5. Компензиран облик на болест – болеста постои, најчесто е хронична, но е добро компензирана со лекови.
  6. Декомпензиран облик на болест – постои болест која не е под контрола.

За да ги добие овие информации моќниот софтвер на уредот користи информации од 125 000 мерни точки за енергетската состојба од организмот, во неговата меморија има слики од 1432 органи и ткива, 4025 информации за енергетската состојба на организмот кај болни и здрави луѓе кои се компарираат со добиениот наод и 13 933 информации за процеси кои се случуваат во телото и енергетски вредности на препарати  што се користат за лекување.

Техниката ги испитува следниве органи и ткива: 

Сигурноста за поставување на точна дијагноза се движи од 83-95%.

Праксата потврдува дека најдобро е оваа метода да се примени како прва во прегледот на пациентот, а потоа во зависност од добиените резултати дополнително да се прави: ренген, ехо, компјутеризирана томографија или магнетна резонанца.

Апаратот има и моќен терапевтски програм наречен META терапија со која се пренесуваат фреквенции на здрави органи (срце, бубрег, плуќа, црн дроб и др.) директно во пациентот, со што се стимулира телото да има оптимално здравје и претставува дополнување на терапијата која пациентот ја прима. На тој начин се зајакнува одбранбената способност на организмот. Со тоа овој уред ја претставува дијагнозата и терапијата на иднината.