loading

Класичен начин на работа со NLS уредот

Информации за клиентот:

  • Пред тестирањето сите метални делови од телото треба да бидат отстранети (прстени, обетки, метални каиши). Пациенти со метални инпланти (вештачки колкови, плочки и пејсмејкери не се тестираат).
  • Не треба да консумира храна најмалку 3 часа пред снимањето за да резултатот од дигестивниот тракт биде валиден.
  • Клиентот треба да биде релаксиран и да нема вкрстено раце и нозе.
  • Работата на операторот ќе ја следи на екран и сѐ што тој пресметува ќе биде транспарентно.
  • Времетраењето на снимањето е 45-60 минути во зависност од придружните болести (коморбидитети), а потоа следи NLS анализа со што вкупното дијагностичко снимање и анализа трае до еден и пол час.