- Martin Micevski
- 0 Comments
Биоинформативната проценка ги прикажува енергетските потреби на ќелиите, ткивата и органите, а класичната медицина поставува дијагноза врз основа на симптомите на болеста кои се последица на промените во функцијата (патофизиолошки промени), промените во морфологијата или градбата на ткивата (патоанатомски промени), како и промените во биохемијата (промени во лабораториските резултати).
Класичната медицина вели дека рамнотежата во организмот се обезбедува преку хомеостазата која претставува тенденција за создавање на стабилен еквилибриум меѓу меѓусебно зависни компоненти.
Таа може да биде:
- Хуморална (биохемиска) контрола на хомеостазата: Се состои од билошко активни супстанци (ензими и хормони) кои се ослободуваат во крвта и преку неа се дистрибуираат во организмот. Тоа е бавен процес кој трае со часови или денови.
- Нервна регулација: релативно брз механизам, каде контролата се изведува преку нервниот систем, но постојат клетки (еритроцити, леукоцити) кои не можат да се инервираат и на промената да одговорат брзо.
Биоинформативната медицина вели дека постои и 3 механизам на хомеостаза кој се нарекува бранов метод на хомеостатска регулација.
- Овој концепт тргнува од фактот дека сите клетки осцилираат со соодветна фреквенција при што фреквенцијата на здравите се разликува од онаа на болните клетки.
- Секоја клетка (ткиво) претставува истовремено и примач и емитер на информации како класичната радистаница.
- Во комуникацијата меѓу клетките постои високо фреквентен спектар кој го пренесува сигналот и модулација со ниско фреквентен спектар кој ја пренесува информацијата.
- Во еден билошки систем постојат повеќе стотици фреквенции со многу системи на модулација.
- Несодветната градба или функција на клетката при преносот на информациите создава шум околу неа.
- Информациите за сигналите кои создаваат позадински шум околу биолошките објекти се наоѓаат во екстремно нискиот фреквентен опсег од 1,8-8,2 херци, а секое ткиво има потесно фреквентно подрачје (лична фреквенција на ткивото). Структурно повисоката организација на ткивото дава повисока лична фреквенција (коскено ткиво – 1,8Hz, мозок – 8,2 Hz)
- Еталон – претставува нормална вредност на фреквенција на органот, односно стандардна фреквенција на органот.
- Еtalon testing – природна фреквенција на ткивата во соодветен стандарден фреквентен опсег.
- Влезниот сигнал практично значи примање на информации, а излезниот сигнал претставува одговор на системот на влијанието на регулацијата во клетката или ткивата.
- Кога системот е компактен нивото на шум околу него е 0, така да влезниот и излезниот сигнал се практично идентични.
- Кога системот односно клетката е оштетена постои разлика меѓу влезниот и излезниот сигнал при што во компјутерската обработка графикот на влезниот сигнал е прикажан со црвена боја, а на излезниот со сина.
- Проценката на брзината и обемноста на оштетувањето на клетките и ткивата се прави врз основа на анализата на информативниот позадински шум кој се манифестира како дисоцијација (разлика) меѓу влезниот и излезниот сигнал.
Сигналот се обработува на 4 нивоa и тоа:
- Топикална анализа – покажува кои системи и органи имаат влошена функција.
- Ентрописка анализа – претставува компаративна анализа на резултатите од пациентот споредена со податоците сместени во базата на компјутерот. Оваа анализа се прави кај оние пациенти кои на топикалната анализа покажува влошена функција на соодветниот орган или ткиво.
- Нелинеарна анализа – претставува двојна контрола на ентрописката анализа со која се потврдуваат претходно добиентите резултати.
- Анализа на 2 криви – длабинска анализа на влезниот и излезниот сигнал во клетката, ткивото или органот и нивна компарација по примерот на “ black box” со што се добиваат дополнителни параметри за карактерот на патолошките промени.
Ако со сите 4 анализи добиеме идентична дијагноза, дијагностичката точност е преку 90%, а во класичната медицина таа се зголемува со проширување на бројот на дијагностичките процедури кои најчесто се од: лабораториска, рентгенолошка, утразвучна и друга природа.
Класичната медицина и клиничката биоинформативна медицина се комплементарни и се надополнуваат со цел да се скратат преопширните испитувања кои најчесто се прават кај пациентите кои имаат нејасно дефинирани и мултипли симптоми кои честопати тие ги потенцираат. Во такви услови клиничката биоиноформативна медицина ни ги дава смерниците по кои треба да се движиме за брзо и рационално да ја поставиме дијагнозата.