loading

Хромотерапијата претставува терапевтско користење на видниот спектар на бои.  Апсорбираната светлинска енергија се конвертира во  интрацелуларна  енергија при што доаѓа до релаксирање, односno зголемување на калибарот на крвните садови.  Дополнително, има и фотохемиска ензимска реакција која го подобрува метаболизмот во кожата, прави  клеточна детоксикација и го зголемува клеточниот имунитет. Подобрувањето на циркулацијата, забрзувањето на растот на клетките, засилената продукцијата на колеген  ја зголемува еластичноста и ја репарира кожата.

Сите бои во спектарот вибрираат и сите фотони во една боја имаа сопствена бранова должина, фреквенција и соодветен терапевтски ефект на кожата и тоа:

  • Црвена светлина – 630 nm: создава колаген & има anti-aging ефект
  • Сина – 470 nm: смирува инфекција & намалува сензитивност на кожа
  • Зелена – 520 nm : ги обелува хиперпигментираните точки
  • Лилава – комбинација на црвена и сина : забрзува лимфна дренажа
  • Жолта – 590 nm: намалува создавање на меланин
  • Цијанин : намалува притисок во кожа & делува поволно на отечени капилари
  • Бела – ласерска светлина: ја релаксира кожата, го забрзува растењето и заздравувањето на клетките & намалува брчки.

Фотонската LED маска користи 192 светлински LED извори преку кои се инсонира кожата на лицето и вратот. Преку вградениот контролор може да се менуваат 7те горе споменати бои, да се регулира распоредот на нивното делување и времетраењето на изложување. За време на терапијата пациентот треба да е поставен во комотна, најчесто лежечка положба. Времетраењето на изложување се движи од 15 – 30 минути дневно, а бројот на сеанси зависи од постигнатиот терпевтски ефект.

Техниката има согласност за користење од Американската агенција за храна и лекови (FDА) за намалување на брчки, a во праксата се применува и за: намалување на хиперпигментација на лицето, розацеа, акни, опуштена кожа, проширени пори.

Маската е контраиндицирана за примена кај: бремени жени, мали деца, тироидна болест, алергични лица, присутна траума на кожата на местото на апликацијата. На нашите простори се препорачува посебно да се применува во есенскиот и зимскиот период кога сончевата светлина е помалку присутна.

Оваа маска е многу популарна, особено кај глумиците од Холивуд на кои надворешниот изглед им е многу важен за имиџот и професијата.