- Martin Micevski
- 0 Comments
Секое ткиво во човечкиот организам има своја лична фреквенција со која континуирано осцилира. Стресот, животниот стил, загадувањето и присуството на бактeрии, вируси, габи и други патолошки промени во организмот водат до промена на оваа фреквенција која клинички се манифестира со симптоми на болест. Успешната терапија (медикаментозна, хируршка, физикална) повторно ја воспоставува стандардната (здрава) фреквенција.
Личната фреквеција со која осцилира човечкото ткиво е во ниското фреквентно подрачје од 1,8 -8,2 Hz и тоа;
- 1,8 Hz – скелетен систем
- 2,6 Hz – сврзно ткиво, зглобови и срцеви валвули
- 2,6-3,4 Hz – изгубено сврзно ткиво, пругасти мускули, срцев мускул
- 3,4 Hz – мазни мускули (не пругасти)
- 4,2 Hz – мазен епител во дигестивниот тракт
- 4,9 Hz – сквамозен и цилиндричен епител во колон, паренхиматозно ткиво на хепар и билијарен тракт
- 4,9-5,8 Hz – бубрежен ткивен епителиум и репродуктивни органи
- 5,8 Hz – лимфоиден прстен на фарингс, горен дел на респираторен тракт, лимфатичен систем, слезина, овариум и простата
- 6,6Hz – периферен нервен систем, епителиум на бронхи, надбубрежна жлезда и тироидеа
- 7,4Hz – централна секција за сензорна анализа, освен оптички и субкортикални структури на мозок, понс, церебели, церебелум, лимбичен систем и паренхим на плуќа
- 8,2 Hz – ретина, оптички нерв, церебрален кортекс
Познавањето на личната фреквенција на осцилирање овозможува примена на МЕТА терапија, што претставува терапевтско аплицирање на лична фреквенција со спротивна насока преку NLS уредот со што се отклонува отстапувањeто од нормалната фреквенција које се нарекува патолошката фреквенција. На тој начин без лекови се активират резервите на биорецепторите кои кај млад организам се околу 50% и по принципот на “самолекување” се подобрува здравствената состојба.
МЕТА терапијата најдобри резултати постигнува кај таканаречените психосоматски болести каде дел на симптомите се должат на зголемениот психички притисок, а патолошките промени во органите се од функционална природа. Во останатите состојби каде има изразени патоанатомски промени регулирањето на фреквецијата може да ги смири симптомите, но не и да ја излекува болеста.