- Martin Micevski
- 0 Comments
Бионформатиката се практикувала и во минатото во традиционалната индиска и кинеска медицина.
Нејзини основни постулати се:
- Секој орган во организмот осцилира со бранова должина на своја специфична фреквенција.
- Некои органи јако осцилираат пред сѐ високо специјализираните: мозокот, хепарот и други.
- Максималната бранова амплитуда на овие осцилации формираат соодветна структура – енергетско информативна рамка на човечкиот организам.
- Кога енергетската информативна рамка се проектира на човечкото тело дава слика на геометриска мрежа (решетка).
- За прв пат оваа мрежа е опишана од древните кинески доктори и наречена Jing-lu-ov меридијански системи и е проектиран на кожата.
- Интерсекциските точки на максималната бранова амплитуда од различни биолошки извори (мрежести точки) се наречени биолошки активни точки или акупунктурни точки.
- Акупунктуирни точки има не само на површината на човековото тело туку и во неговата внатрешност и тоа на секој орган посебно (како на неговата површина, така и внатре во него).
Eнергетската состојба на организмот се прикажува и преку испитување на аура и чакра.
Кинеската меридијанската мрежа е поделена во 2 категории:
Jingmai- меридијански канали (12 тендомускулни меридијани, 12 дивергентни меридијани, 12 принциепелни меридијани- поделени во групи; Ying и Yang групи (раце и нозе) и Хуато канал – збир на билатерални точки на долниот дел од грбот откриени од докторот Hua Tuo
Luomai- асоцирани садови (наречени колатерали) – 15 главни артерии кои ги поврзуваат 12 принципиелни меридијани на различни начини.
Колатералниот систем содржи гранки од капилари кои се шират во 12 кожни региони кои произлегуваат од принципелните меридијани. Ако се бројат точките на секој меридијан вкупно се 361 што претставува број на деновите во годината во месечевиот календарски систем. Постојат околу 400 акупунктурни точки (билатералните точки не се броени дупло) кои се долж 20 патеки (12 примарни и 8 посебни канали). По 2 век признати се 649 акупунктурни точки во кои влегуваат и оние кој се бројат двојно. Секој од 12 принципиелни (главни) меридијани кореспондира со солиден орган.
Чакра е концепт кој се однесува на тркалезните вртлози за кои според традиционалната индиска медицина се верува дека постојат на површината на етеричниот двојник на човекот. Чакрите се познати како „центри на силата“ или спирали со енергија, кои се креваат од точка на физичкото тело, како слоеви на енергетско тело во облик на лепеза (лепезите обликуваат љубовно срце). Вртлозите на енергетската материја, се појдовните точки за примање и пренесување на енергии. Се смета дека постојат седум големи чакри или енергетски центри (исто така познати како тркала на светлина), во енергетското тело.
Чакра во форма на цвет
Чакрите најчесто се преставуваат во форма на цвет или во форма на тркало. Во првиот вид, одреден број на ливчиња се наоѓаат околу периметарот на кругот. Во вториот, одреден број на радиуси го делат кругот на делови, со што чакрата добива изглед на тркало или цвет. Секоја чакра има одреден број на делови или ливчиња.
Чакра во вид на тркало
Постојат 7 чакри кои ја детерминираат психичката структура на личноста и се прикажани на сликата.
5 димензионално поле на аура
Аура на личноста претставува поле на енергија што таа ја зрачи. Некои веруваат дека сите објекти имаат своја Аура, односно се обиколени со поле на сопствена енергија која може да се регистрира на Кирлијановата фотографија.
Во случај на патошки состојби аурата пука, а локацијата на промената одговара со соодветен орган или ткиво.