- Martin Micevski
- 0 Comments
Основен принцип на биоинформатиката е дека сите клетки во човечкиот организам осцилираат, здравите со една, а болните со друга, нарушена фреквенција. Сите клетки меѓу себе комуницираат, односно ќелијата претставува електромагнетна единица која континуирано прима и испраќа информации во околината. На овој начин во човечкиот организам преку бионформативната мрежа само во 1 минута се контролираат околу 30000 биохемиски процеси.
Врз основа на ова за да се јави болест клетката треба да помине низ 4 фази и тоа:
- Промена на фреквенцијата на нејзиното осцилирање, што потоа води до намалување на нејзиното енергетското ниво.
- Нарушената фреквенција и енергетско ниво ја влошуваат комуникацијата меѓу клетките, ткивата и органите што резултира со нивна влошена функција.
- Нарушената функција води до пореметување на биохемиските параметри што е видливо со класичната биохемиска анализа.
- Нарушената функција во следна фаза води до патоморфолошки промени во ткивата и органите кое се детектира со медицинските апарати: рентген, ехо, компјутеризирана томографија, магнетна резонанца и др.
Mоже да се заклучи дека со помош на бионформативната медицина болеста може да ја детектираме во нејзините рани фази кои се нарекуваат претклиничка форма на болест (стадиумите 1 и 2), кои кај хроничните болести и туморите се јавуваат неколку години пред нејзината клинички манифестна фаза (стадиум 3 и 4).
Ваква можност класичните медицински дијагностични уреди немаат.
Откривањето на болеста во раните стадиуми кога нема создадено патоанатомски промени на ткивата и органите дава многу подобри шанси за лекување, контролирање на болеста и излекување.
Класичната медикаментозна терапија (лекови) најчесто ги смирува симптомите, односно ја блокираат болката, зголемената температура и друго. Tаа ја контролира болеста со регулирање на патолошката фреквенција и воспоставување на нормална.
Лекувањето на настанатите патоанатомски промени (цисти, тумори, улцери) со медикаменти најчесто не може да се направи, односно неопходна е хирургија. Регулирање на патолошката фреквенција може да се постигне и со микрорезонантна терапија, со посебен успех во претклиничките форми на болеста, односно фазите 1 и 2.