loading

Масажерот за колена е иновативен уред кој врши мултифункционална физикална терапија на коленото. Се применува кај пациенти кои имаат:  болка, оток и ослабена подвижност на коленото (вкочането колено). Дополнително се користи и за лекување на истегнати лигаменти и повреди на мускули во коленото. Апаратот е така дизајниран да уредот и контролорот се поставуваат врз коленото.

Тој врши повеќе терапевтски функции:

  • Загревање на 3 нивоа: 45, 50 и 55°С
  • Масажа со воздушни перничиња со 3 интензитета: слаб, среден и јак.
  • Масажа со мултифреквентни вибрации на повеќе нивоа
  • Примена на инфрацрвена и ласерска светлина за продор во подлабоките структури на зглобот.

Поновите верзии на овие уреди, каков што е и нашиот, имаат согласност за примена од Американската агенција за храна и лекови (FDA) во случаите каде има: артритис, остеартритис, оштетена рскавица, повреди на лигаменти и мускули во коленото, како и воспаление на пателарната тетива.

Времетаењето на сеансата е 30 минути, а се применува 1 дневно во работни денови во период од  1 – 2 недели.

По терапијата, кај најголемиот број на случаи со горе споменатите дијагнози, доаѓа до губење или значајно намалување на болката во коленото. Како и кај секоја физикална терапија ефектот на лекувањето ослабува со времето и таа по извесен период треба да се повтори. Најчесто се применува 2 пати годишно.

Примената на оваа техника не се препорачува кај: акутна форма на ревматоиден артритис, свежа повреда со голем оток на коленото, акутни скршеници на коските од коленото, бебиња  деца, бремени жени, патолошки кожни промени на местотото на апликација на апаратот.

Овој уред широко се користи во западна Европа и САД, бидејќи примената на повеќе терапевтски техники во еден акт, го зголемува ефектот и скратува времетраењето на  лекувањето.