loading

Транскранијалната магнетна стимулација (ТМЅ) е неиназивна метода која се базира на примена на магнетни полиња преку кои се влијае на мозочната електрична активност, која е одговорна за неговата функција.

Апаратот се состои од шлем во кои се сместени повеќе магнети на различни локации и контролор со кој се регулира јачината, фреквенцијата и времетраењето на изложувањето на магнетните полиња. Магнетот создава магнетно поле кое многу лесно поминува низ черепот и врз основа на Фарадеовиот закон ослободува електрицитет во непосредна близина на мозочните клетки (неврони). Овој електрицитет влијае на активноста на мозокот, пред се на неговиот биохемиски баланс (лачење на невромедијатори) и на комуникацијата во неговата мрежа. Со активирање на магнетите поставени на различни локации може  да се стимулираат или депресираат специфични делови на мозокот што се одговорни за неговите функции, пред се: концентрацијата, меморијата, јасноста на мислата и емоциналниот живот.

Пред примената на ТМЅ треба да се отстранат сите метални предмети околу главата и вратот како обетки, ланчиња и пирсеви.

TMS е безбедна метода и дава ефективен третман кај пациентите со неврогени и психијатриски заболувања. Американската агенција за храна и лекови (FDA) дала согласност за лекување на  депресија од 2008 година, за мигрена од 2013, обсесивно компулзивни пореметувања од 2018, анксиозна депресија од 2022 и откажување од пушење 2022. Медицината базирана на факти потврдила, дека TMS  дава подобрување на симптомите  типични за депресија кај 70% од пациентите, а трајно ослободување од овие симптоми кај 30% од возрасните пациенти кои користеле еден медикамент.

Ова техника успешно се применува и кај: болести на зависност, Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, аутизам, есенцијален тремор, пострауматски стрес, компликации од мозочен удар, тинитус и ушни халуцинации, трауматски повреди на мозокот и шизофренија. Контраиндикации за примена на оваа метода се: инплантирани метални делови во мозокот и вратот; стентови, клипси, ушни инпланти и др. (забни пломби и инпланти не се контраиндикација), инплантирани електронски уреди во телото, срцев пејсмејкер и инсулински пумпи, бремени жени, деца под 18 години освен аутистични.

Странични ефекти од примена на ТМЅ се: блага главоболка (најчесто), непријатно чувство на черепот на местото на стимулација, трнење и грчеви на мускулатурата на лицето, блага вртоглавица. Овие ефекти се краткотрајни и спонтано поминуваат.

Сеансите траат 20-30 минути и се изведуваат 3 пати неделно. По 2 недели се врши евалуација на резултатот. Терапијата најчесто трае 2 недели, а во зависност од добиениот терапевтскиот ефект  таа може да се продолжи.

Оваа техника опишана со јазикот на обичниот човек претставува “физикална терапија за мозокот.”

По CCTV Transcranial Medical Stimulation спаѓа во 21th Century Global Тоp 10 Medical Innovation.