Фото биомодулационата терапија претставува форма на физикална терапија на вратот. Таа во минатото била позната како ласерска терапија со низок интензитет (low level laser therapy) и претставува примена на LED црвена и блиску до црвената, инфрацрвена светлина (near infra – red light) кај пациенти со акутна и хронична болка.
Во денешно време заради многуте професии, поврзани со долготрајна примена на компјутери и долго седење често се јавува болка во вратот. Невидливата, блиску до инфрацрвената енергија се апсорбира од кожата, поткожното ткиво, мускулите и коските и предизвикува топлински ефект кој врши загревање. Со тоа се зголемува крвниот проток во овие ткива и се подобрува снабдувањето со хранливи материи и кислород. На ниво на клетката се забрзува метаболизмот на млечната киселина чија концентрација предизвикува болка. Дополнително се стимулира регенерацијата со што се подобрува функцијата на клетката. Заради тоа што предизвикува забрзување на метаболизмот, таа се користи за ослободување од болка и слабеење.
Апаратот што се користи е мобилен, има портабл дизајн и може да се применува на различни локации. Тој се состои од 48 LED светилки кои емитираат црвена светлина и 24 кои зрачат со инфрацрвена бранова должина. Инфрацрвената светлина не се гледа, но може да се регистрира со камерата од мобилниот телефон. Контролорот, кој е составен дел од уредот, го регулира интензитетот на светлината на 4 нивоа и времето на експозиција од 1-30 минути.
Фото биомодулацијата е одобрена за примена од Американската агенција за храна и лекови (FDA approvement) да се користи за ослободување од мускулна и зглобна болка не само за вратот туку и за зглобовите на рацете и нозете. Терапијата се применува 3-5 пати неделно во сеанси од 5-25 минути. Секогаш кога правилно ќе се дозира таа не дава никакви штетни ефекти и значајно го подобрува квалитетот на живот на овие пациенти.