loading

Апаратот претставува биоинформатичен систем со нелинеарна анализа. Тој се базира на принципот дека сѐ во светот осцилира и има своја фреквенција на осцилирање. Аналогно на тоа секоја здрава клетка во организмот има своја идеaлна фреквенција на осцилирање. Кога постојат стресни и други неповолни фактори за организмот фреквецијата на осцилирањето на клетките се менува, со тоа се врши промена и на комуникациската способност меѓу нив и се развива болест.

Овие податоци овозможиле да се развие нелинеарната системска анализа која има некoлку постулати:

  1. Покрај анатомско – морфолошката структура на организмот што ја гледаме со голо око постои и таканаречен „електрoмагнетен костур на човекот“ преку кој се движат електромагнетните бранови, со кои секој човек има сопствено електрoмагнетно поле, a организмот ги регулира функциите со класичната и со „бранова хомеостаза“.
  2. Со тоа оваа техника дава научно објаснување на традиционалните кинески и индиски начини за дијагноза и лекување: акупунктура, ајурведа, чакра, аура, ирисологија.
  3. Местата каде што се преклопуваат електромагнетните бранови во традиционалната кинеска медицина се нарекуваат „акупунктурни точки“.
  4. Информациите за состојбата на сите органи и ткива се пренесуваат во десната хемисфера на мозокот, а човекот не е свесен за нивнотo постоење. Во мозочната активност тие влегуваат во групата на тета-бранови.

Рускиот академик Светослав Павлович Несторов во 1988 година ги конструирал “trigger” сензорите кои претставуваат електронски уреди кои ги засилуваат овие бранови и го претвораат во сигнал кој може компјутерски да се обработува.

Апаратот ги собира дигиталните потписи од органите кои се добиваат во тригер сензорите и ги споредува со потписите за соодветните ткива, органи, хромозоми, клетки, кои се наоѓаат во библиотеката сместена во меморијата на компутерот (еталон). Компарацијата на овие 2 записи дозволува да се одреди степенот на патолошките промени и развојот на болеста во органот.

Во последниве 30 години направени се поголем број на софтвери кои сигналот од испитуваниот човек го споредуваат со илјадниците податоци на фрекевенција од осцилирањето на клетки, органи и ткива на здрави луѓе и болни од најразлични болести кои се сместени во меморијата на компјутерот.

Техниката ги испитува следниве органи и ткива:

  • Коскено-скелетен систем – коски, зглобови, сврзно ткиво, мускули и др.
  • Васкуларен систем – срце, крвни садови, вени, капилари и др.
  • Нервен систем – мозок, кичмен мозок, хипофиза, периферни нерви и др.
  • Урогенитален систем – бубрези, мочен меур, простата (мажи), јајници, овариум (жени).
  • Респираторен систем – плуќа, трахеа, бронхи и др.
  • Дигестивен систем – желудник, езофагус, тенко и дебело црево и др.
  • Ендокрин систем – тиреидеа, панкреас, надбубрежна жлезда и др.
  • Лимфен систем – групни и поединачни лимфни жлезди.
  • Крв – еритроцити, леукоцити со нејзини деривати, тромбоцити и др.

Добиените информации овозможуваат анализа на: органот, ткивата, клетките, интраклеточните структури и гените на сите делови од човечкиот органазам каде ќе се забележат патолошки промени.

Снимањето трае околу 45 минути, а обработката на податоците до 30 минути.

Испитувањето може да биде пролонгирано ако пациентот има поголем број на заболувања кои посебно треба да се обработуваат.

За време на снимањето пациентот треба да е удобно сместен во фотелја, релаксиран, одморен, да не консумирал храна 3 часа пред снимањето, да ги нема прекрстено рацете и нозете и да нема метални предмети на и во себе (инпланти, прстени, обетки и др).

Испитувањето се изведува преку слушалки кои се поставуваат на ушите и е безболно.

 Добиените податоци се обработуваат на 4 начина и тоа:

  1. Топикална анализа – покажува кои системи и органи имаат влошена функција.
  2. Ентрописка анализа – претставува компаративна анализа на резултатите од пациентот споредена со податоците сместени во базата на компјутерот. Оваа анализа се прави кај оние пациенти кои на топикалната анализа покажува влошена функција на соодветниот орган или ткиво.
  3. Нелинеарна анализа – претставува двојна контрола на ентрописката анализа со која се потврдуваат претходно добиентите резултати.
  4. Анализа на 2 криви – длабинска анализа на влезниот и излезниот сигнал во клетката, ткивото или органот и нивна компарација по примерот на „black box“ со што се добиваат дополнителни параметри за карактерот на патолошките промени.

Сензитивноста (осетливоста) за детекција на патолошка состојба се движи од 83-95% и корелира со другите техники.

Нејзината предност е што може да укаже на предклиничката форма на болест каде постои намален, односно ослабен регулаторен механизам, но нема клинички манифестации на болест и значајни патолошки промени во ткивата и органите. Другите техники како ехото, компјутеризираната томографија и магнетната резонаца оваа состојба не може да ја детектираат.

Заради принципот на работата кој значајно се разликува од работата во класичната медицина каде постои; преглед, скапи дијагностички апарати (ехо, компјутеризирана томографија, магнетна резонаца) и долготрајна и скапа претходна едукација на лекарите сѐ уште некои лекари оваа техника ја сметаат за гранка на алтернативната медицина, а други за пристап, дијагностика и метода на иднината.

Имајќи во предвид дека оваа техника комерцијално се применува релативно кратко (во последното десетолетие), сѐ уште треба време да се стекне подолготрајно клиничко искуство.

Сепак, во денешни услови таа е идеaлна, евтина, неинвазивна и брза техника која дава информации за општата здравствена состојба и посочува каде треба да се направат дополнителни испитувања со класичните медицински техники; Rtg, ехо, компјутеризирана томографија и магнетна резонанца.

Таа може да направи и добра контрола на веќе докажаните хронични болести, бидејќи овозможува шестостепена компарација со претходните состојби што другите техники не може да ја направат.

Искрено веруваме дека е прашање на време кога во иднина, општиот преглед ќе биде заменет со целосен преглед со новите генерации на овие таканаречени brain machine”, а потоа лекарите ќе се фокусираат на доиспитување на веќе детектираните патолошки состојби.