- Martin Micevski
- 0 Comments
Биоинформатиката претставува дисциплина која го препознава организмот како телесен супер-компјутер кој работи по принципите на кибернетиката во биолошки услови. Тоа во практиката значи дека клетките меѓу себе комуницираат на свој програмски јазик, а неговото декодирање и користење во дијагностички и терапевтски процедури се целите на оваа техника.
Клинички ориентираната биоинформатика (клиничка биоинформатика) може да ја практикуваат медицински професионалци (лекари) со богато клиничко искуство (најмалку 20 години клиничка практика) кои со него вршат логична контрола на добиените резултати, со што значајно се подобрува сигурноста на дијагностичките и терапевтски процедури. Со тоа се прави симбиоза меѓу клиничката слика и кибернетиката, значајно се скратува времето за брза и точна дијагноза, посебно кај случаите кои имаат недоволно дефинирани и јасни симптоми кои бараат опсежни лабораториски, рентгенски, ултразвучни и други процедури.
Техниката е без пропратни несакани ефекти и овозможува примена на терапија која е компатибилна и претставува дополнување на онаа која на пациентот му е препорачана од неговиот лекар. Важно е да се напомене дека терапевтски се применуваат фреквенции, а не медикаменти, кои во законската легислатива на повеќето држави не се третираaт како терапија.