Теоретски основи
Шематски приказ на “black box “ искористен од конструкторите на Physiospect
Биоинформативната медицина организмот го препознава како супер-компјутер кој работи по електронскиот принцип на “black box” каде има 2 сигнали; влезен и излезен (input – output сигнал). Влезниот сигнал подразбира примање на информации и е во корелација со јужниот магнетен пол, а излезниот- нивно губење и корелира со северниот пол. Ако органот работи физиолошки нормално, влезниот и излезниот сигнал ќе бидат идентични, односно ќе се преклопуваат. Присуството на патолошка состојба се манифестира со разлика меѓу влезниот и излезниот сигнал заради што се формира шум во позадината (background noise). Анализата на позадинскиот шум овозможува детекција на патолошката состојба.
Принцип на работа
Во слушалките се сместени магнетни индуктори кои ги адаптираат сигналите во мозочните хемисфери за да можат да бидат електронски детектирани.
„Triggger” сензорите вршат детекција на шумот во позадината, а Cadistorot ги засилува добиените информации.
Генераторот произведува звук кој по принципот на биорезонанца врши детекција на енергетската информативна рамка на човечкиот организам и ја мери активноста на биолошки активните точки.
Податоците компјутерски се обработуваат и даваат тридимензионален приказ, односно ја прикажуваат нивната енергетска активност.
NLS анализата овозможува 4 кратна контрола на добиените резултати. Со тоа се постигнува дијагностичка сигурност од околу 90%.
- Слушаките кои се користат во NLS уредите визуелно изгледаат како сите обични слушалки, но во нивниот состав дополнително имаат: магнетни индуктори, „trigger” сензори и cadistor. Сите тие се патентирани и заштитени од конструкторот.