- Електронскиот гение Никола Тесла ги поставил основите на нелинеарниот квантен генератор кој се користи во NLS уредите.
Неговата работа била следена од французинот G.Lakhovsky кој го иcпитувал ефектот на радиофреквенциите на растенијата и животните.
Американецот R.Rife го мерел влијанието на електромагнетната фреквенција на био-полињата, или биолошките полиња кај луѓето.
Во 1950 Германецот R.Woll развил метода за мерење на акупунктурните точки. Тој го мерел електричниот потенцијал на биолошки активните точки кои ја прикажуваат функционалната состојба на органите. Woll-овиот метод на почетокот давал не така сигурни резултати, но со неговиот развој резултатите станале попрецизни. Еден од најновите методи се нарекува не линеарна анализа (NLS анализа) и дава солидни резултати пред сѐ во одредувањето на енергетското ниво на клетката, ткивото и органот и овозможува и негова мултифакторска анализа.
Денес развојот на болеста може да се следи пред појавата на симптомите. Може да се анализира и телесната ракција на различни типови на медикаменти.
Апликацијата МORA за терапија користи електрични сигнали со спротивен смер. Системот е воведен во 1970 год од F.Morell во соработка со електроинженерот E.Rasche. Енергетската терапија се користи да се возобнови целуларната функција и искористат резервите на биорецепторите кои можат да бидат и до 50%.
Мета терапијата воведена во NLS уредот е подобрена верзија на фамозната MORA терапија.
Во 1988 год. рускиот академик Свјатослав Павлович Нестеров ги конструирал „trigger” сензорите кои овозможиле трансфер од мозокот во компјутер на фреквентните записи за состојбата на ткивата и органите во човечкиот ораганизам. Со тоа создал услови за нивна софтверска обработка.
Познатиот француски истражувач J.Bennevenoste заедно со британскиот професор S.Smith од универзитетот од Манчестер покажале дека водата поседува меморија во нејзината внатрешна структура. Овој потенцијал се користи во функцијата REIMPRINT со цел да се стават фреквенциите во соодветен медиум. Со оваа функција фреквенциите може да се проектираат во вода, алкохол, шеќер и потоа да им се дадат на пациентите како терапија. Технологијата одбира соодветна фрекевенција за секој пациент со цел да се третира и да му се помогне на неговото тело да заздрави.
Првиот NLS уред со оваа технологија кој има дијагностички и терапевтски можности е конструиран од рускиот академик Владислав Игорович Нестеров и е наречен Physiospect. Тој направил интегрирање на дијагностичкатата и терапевтските процедури во еден уред. Денес постојат повеќе производители на ова опрема и неколку десетици софтвери за најразличнa намена, но Physiospect-от сѐ уште е „златен стандард”.