loading

Записот добиен од „trigger“ сензорите во компјутерот прво се добива како резонантен спектрум на биолошко ткиво, а потоа со софтверска обработка се прикажува 3-димензионално.

Енергетското ниво на испитуваниот сегмент се прикажува на шестостепена скала со геометриски симболи во боја почнувајќи од  долен лимит на нормала (1), нормална функција (2), физиолошка регулација (3), физиолошка регулација со напор, односно благи промени, пред клинички стадиум (4), промени од среден степен – клинички стадиум на болест (5), изразени промени – клиничка форма со изразени симптоми (6).

На екранот има повеќе скали кои се користат за обработка на сигналот (горен панел), а се добива и графички запис на влезниот (црвен) и излезниот (син) сигнал – панел долу, кои дополнително се обработуваат. Се врши компаративна анализа со претходни наоди, а се проценува и ефектот на: МЕТА терапијата, Vegeto тестот, како и Reprint-от.

Графички приказ на енергетското ниво – Анализа на 2 криви

grafichki prikaz na energetsko nivo

На графичкиот приказ влезниот сигнал е прикажан со црвена, а излезниот со сина боја. Разликата меѓу нив се нарекува дисоцијација, а кога излезниот (син) сигнал е повисоко поставен од црвениот (влезен) сигнал се потврдува дека организмот сам го компензира недостатокот во физолошка регулација. Кога црвениот сигнал е над синиот компензацијата е неуспешна и има клинички симптоми на болест.

Приказ

Локализирана творба со изразито ниско енергетско ниво во предниот лев дел на мозокот  прикажана со црни квадрати, типична за тумор на мозокот.

Корелација

Оваа техника има висок стeпен на корелација со класичните наоди добиени од: магнетна резонанца (MRT), компјутеризирана томографија (CT) и ултразвук.

Ефектот на МЕТА терапијата

Доминантното ниско ниво на енергија – 5 и 6 ниво прикажано со кафени и црни квадрати кое клинички се манифестира со болка (панел долу лево)  по МЕТА терапијата се заменува со енергетско ниво 3 и 4 – портокалов триаголник свртен нагоре и црвен триаголник свртен надолу кои клинички се асимпоматски (панел долу десно). Во овој случај МЕТА терапијата е повеќекратно давана (панел горе).

Сигурност

Техниката има висок степен на сигурност за пациентот бидејќи е:

*Сликите се преземени од пропагандните материјали на Physiospect.